Новости

Летни вагинални инфекции

Во текот на летниот период уживаме во топлото време покрај плажа или базен, меѓутоа воедно е и период на зачестени вагинални инфекции заради што жените се здобиваат со симптоматологија предизвикана од бактериски, вирусни, паразитарни и габични причинители која побарува посета кај гинеколог.

Најчесто се засегнува и уринарниот, освен гениталниот тракт. Голем дел од овие инфекции се должат на зголемената сексуална активност во овој период. Доколку се јави иритација, болка, чешање, печење при мокрење, зачестено мокрење, вагинален или уретрален исцедок, задолжителна е посета кај гинеколог иако повеќето засегнати мислат дека се работи за обична кандидијаза.

При самиот преглед може да се утврди по пат на земање на микробиолошки брисови, евентуално ПАП тест, за што всушност се работи и каква ке биде насоката во терапијата заради елиминација на симптоматологијата и евентуалниот причинител.

Најчеста вагинална инфекција во тек на летниот период е кандидијаза, предизвикана од габичката “Candida Albicans”, поради опаѓање на имунитетот и намалување на бактеријата која е нормален жител и ја претставува здравата вагинална флора “Lactobacillus acidofilus”.

Kога од било која причина се пореметува нормалниот вагинален баланс  доаѓа до намалување на лактобацилите, а за сметка на тоа зголемен раст на кандида. Состојбите на имуносупресија или умунодефициенција, употреба на антибиотици, Хуман папилома вирусот како и генитален херпес вирус, состојба на Диабет, недоволен внес на течности (вода) и витамини доведува до вагинална кандидијаза која може да биде и сексуално пренослива. Земањето на хормонски (контрацептивни пилули) како и покаченото ниво на естроген кај трудници може да доведе до оваа состојба.

Не навременото јавување на гинеколог и отсуство на третман понекогаш може да доведе и до сериозни последици, дури до хоспитализација и инфертилитет во зависност од типот на причинителот.

Габичната инфекција од типот на Candida Albicans е лесно препознатлива по симптомите и изгледот на секретот, па често пати пациентките и на своја рака земаат антибикотици во вид на вагинални овули, креми и пер орални касули, како и пробиотици во тек на антибиотска терапија како превенција. Но доколку постои сомнеж и нетипична симптоматологија треба да се посети гинеколог.

Основни начела за превенција на летните вагинални инфекции :

  1. Зголемување на имунитетоткако генерално, како и локално со употреба на имуномодулатори кои во себе содржат соеви на лактобацили;
  2. Употреба на витамини во вид на природни сокови и компримати што содржат Ц-витамин.
  3. Носење на лесна долна облека и памучни гаќи.
  4. Одбегнување на употреба на тампони, како и парфимирани сретства за во вагина.
  5. Рестриктивна посета на базени со голема посетеност и со нерегуларен систем на филтрација, како и јавни купатила, тоалети.
  6. Да не се седи подолго во влажни костими за капење или на влажни пешкири.
  7. Земање на доволно течност и фрекфентно уринирање.
  8. Користење на презервативи.

Нормалната Ph вредност во вагината  е од 3,5 до 4,5 односно кисела,па затоа треба да се употребуваат препарати кои содржат доволна количина на лактобацили,кои се бедем во одбраната на вагиналната слузница со што ја намалува можноста за пенетрација на патогени микроорганизми,како и зголемен раст на кандида .

Во аптеките може да се најдат најразлични видови на антимикотици,но нај експлоатирани се  Clotrimazole во вид на крема и овули и Polygynax, кои можат дури да се подигнат и без рецепт.

Од имуномодулаторите, односно од производите богати со лактобацили и бета глукани, најчесто употрeбувани се Vagisan I Zel Oxigen.

 

Д-р Ѓорѓи Николов „Партнер на Вашето здравје бр.7“

Сподели

Напишете коментар