Интерна медицина

Општи информации
Персонал
Работно време

Амбулантата за интерна медицина (ехокардиографија, доплер на периферна циркулација, доплер на каротиди, ехо на тиреоидна жлезда и простата, спирометрија, абдоминална ултразвучна дијагностика) располага со најсовремена опрема за ултразвучна дијагностика со 2D ултразвучен апарат, HITACI Aloka F31 со колор доплер, пауер доплер и динамичен флоу.

Во оваа амбуланта најчесто се обраќаат пациентите за специјалистички интернистички гастроентеролошки прегледи со ехо дијагностика, терапија и следење, при следниве состојби:

  • Болка во абдоменот: Секоја акутна или хроночна болка може да биде сигнал за постоење на акутно или хронично заболување на гастроинтестиналниот тракт
  • Црнодробни болести: Замастен црн дроб, алкохолна црнодробна болест, црнодрбна цироза, акутен алкохолен хепатит, токсична болест на црниот дроб, хроничен ( Б и Ц) хепатитис, автоимун хепатитис, тумори и цисти на црниот дроб
  • Панкреасни болести: Воспалителни заболувања на панкреасот како акутен и хроничен панкреатитис, панкреатични псеудоцисти и тумори на панкреасот
  • Болести на жолчното кесе и жолчните патишта: Жолчната калкулоза , акутно и хронично воспаление на жолчното кесе и жолчни патишта, тумори на жолчно кесе и жолчните патишта
  • Болести на слезенката – Наголемување на слезенката, трауми, воспалителни и малигни заболувања
  • Болести на бубрезите и мочните патишта: акутни и хронични воспалителни заболувања,бубрежна калкулоза, тумори, цисти, трауми
  • Болести на абдоминалната аорта: Дијагностика на атероматозата на абдоминална аорта, аневризма на аортата, како детекција на ТМ промени наголемени лимфни жлездиво ретроперитонеумот
  • Редовни контроли кај пациенти на онколошки третман

За детална процена на крвниот проток се користи колор и пауер доплер ултрасонографија на васкуларните структури во абдоменот како абдоминалната аорта, портното стебло, долната шуплива вена и хепатичниот венски слив, реналните крвни садови.

д-р Жарко Јанковски

Спец. по интерна медицина и кардиологија / dr.jankovski@neuromedica.com.mk

19 Nov

Кардиологија / Интерна медицина

  • 12 - 20
  • д-р Жарко Јанковски
5 слободни места
Закажете термин
20 Nov

Кардиологија / Интерна медицина

  • 08 - 15
  • д-р Жарко Јанковски
5 слободни места
Закажете термин
21 Nov

Кардиологија / Интерна медицина

  • 08 - 15
  • д-р Жарко Јанковски
5 слободни места
Закажете термин
22 Nov

Кардиологија / Интерна медицина

  • 08 - 15
  • д-р Жарко Јанковски
5 слободни места
Закажете термин
23 Nov

Кардиологија / Интерна медицина

  • 08 - 15
  • д-р Жарко Јанковски
5 слободни места
Закажете термин