Проф. д-р Мирче Симеонов
Спец. хирург и трауматолог
Тел: 02 3133 313 / 070 227 363
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk / dr.simeonov@neuromedica.com.mk

Образование, трудови и доедукација:

Проф. д-р Мирче Симеонов во 1972 година ги завршува своите студии по медицина на Медицински Факултет Скопје. Во 1979 година на одделот  Хирургија со Трауматологија ја завршува специјализацијата за општа хирургија и супспецијализацијата по трауматологија. Во 1990 година го брани докторатот на тема „Скршеници на вратот на фемурот на бутната коска“ по што и станува доцент на одделот Хирургија Трауматологија при Медицинскиот Факултет во Скопје, додека во 1994 година станува професор на одделот Хирургија  и Трауматологија при Медицинскиот Факултет во Скопје.

Научно и професионално достигнување:

Се јавува како дел од авторите на книгата „Специјална хирургија во областа на политраумо и трауматологија“, книга која сеуште се изучува на одделот Хирургија Трауматологија при Медицинскиот Факултет во Скопје.

Во 1976 година во соработка со спиналниот хирург Roux Camille, од Лион, Франција, организирана е работна студија со промена на искуства од трауматологија на повреди на кичмен столб при одделот Хирургија и Трауматологија при Медицинскиот Факултет во Скопје.

Во својата богата има напишано повеќе од 130 едукативни трудови во областа на трауматологијата објавени во меѓународни списанија.

Член на:
Претседател на МАДОТ (Македонска асоцијација на ортопеди и трауматолози)
Присуствува на поголем број на меѓународни семинари и едукации организирани од SICOT (Интернационална асоцијација на ортопеди и трауматолози).

Проф. д-р. Мирче Симеонов има големо искуство и интерес во:

  • згрижување на спортска траума преку артроскопски третман и современи минимално инвазивни интервенции на коскениот систем.
  • згрижување на сите мекоткивни повреди (повреди на мускул, тетиви) мускулни споеви на рамо, бицепс лезии.
  • згрижување на интраартикуларни повреди на менискални лезии, лигаментарни лезии, руптури на бицепс, надлактична мускулатура.