Новости

ДЕНТОФОБИЈА

Кај некои луѓе, помислата за посета на стоматолог предизвикува блага нелагодност и вознемиреност. Но која е разликата од мала вознемиреност и анксиозност до она што го сметаме за фобија и кога интензитетот на анксиозноста и стравот ја преминуваат границата во Дентофобија.

Што всушност е Дентофобија?

Дентофобијата е претеран страв или анксиозност од посета на стоматолог.

Но најчесто, реакцијата не е предизвикана од самиот стоматолог(иако тоа не е исклучок), туку од процедурата низ која поминува клиентот. Така тоа може да биде страв од игли,страв од затворен простор или чувство на заробеност,страв од крв или инвазија на  личниот простор, страв од гушење, повраќање и гадење.

Тригер на чувството на страв и терор може да биде се што вообичаено се поврзува со посетата на стоматолог. Почнувајки од закажувањето термин , чекалната , инструментите па се до специфичниот мирисот на стоматолошката ординација.

Луѓето кои страдаат од дентофобија, најчесто имале некое непријатно искуство во минатото кое ја предизвикало таквата состојба , додека пак други, се несвесни за времето и причините поради кои истата настанала.Понекогаш се јавува и како реакција на споделено лошо искуство на некој близок.Анксиозни членови на семејството(најчесто родителите) со своите реакции може несвесно да ја поттикнат фобичната состојба и создадат страв кај децата. Луѓето со дентофобија се свесни дека стравот е сосема ирационален и неадекватен,но се беспомошни во справувањето со истиот.

Вообичаени симптоми на дентофобија:

  • Избегнувањето е најчестиот симптом: Се одложува посетата на стоматолог се додека лицето не е принудено, (најчесто од болки и влошена здравствена и психолошка состојба) .
  • Вознемиерност, тресење, потење, чувство на мачнина и гадење при самата помисла на било каква стоматолшка интервенција
  • Вознемиреност и несоница дента пред закажаниот стоматолошки преглед
  • Клиентот доживува интензивен страв и паничен напад за време на прегледот,како и потреба од избегнување, одложување или целосно одкажување на интервенцијата.
  • Недостаток на здив
  • Забрзано дишење
  • Прекумерно потење
  • Збунетост / неспособност да се артикулира јасно
  • Раздразливост

Можеби најважното прашање во дијагностицирањето на овој тип на фобија и барањето соодветен третман е всушност прашањето: дали стравот и анксиозноста од посета на стоматолог, значително ви попречуваат во вашата дентална хигиена и здравје?

 Третман за надминување на стравот од стоматолог – Дентофобија

Еден од најефикасните психотераписки третмани за справување со анксиозните состојби како што се фобиите се вика Систематска Десенситизација.

Станува збор за бихевиоралистичка терапија базирана на принципот на класично кондиционирање. Развиена од Јозеф Волп во текот на 1950-тите систематската десенситизација е сеуште една од најефикасните методи за третирање анксиозни пореметувања како што се фобиите.

Оваа терапија има за цел да го одстрани стравот од конкретната ситуација или предмет и постепено да го замени со релаксирачка состојба.

Идејата потекнува од сознанието дека човек неможе да биде истовремено анксиозен и релаксиран и дека едната состојба ја исклучува другата.

Стравот како поцврста и поинтензивна реакција ја надвладува релаксацијата, мегјутоа контролирајки го интензитетот на страв во психотерапевтски услови, можеме постепено да ја истиснуваме и замениме анксиозната состојба со релаксација, се додека не се соочиме дирекно со она што ја предизвикува фобичната реакција.

Психотерапевтот го води клиентот низ низа прогресивно осмислени сценарија, кои клиентот треба да ги замисли со што е можно поголема живописност и детали.

Секое од тие сценарија предизвикуваат одредено ниво на страв кое се заменува со релаксација.

Се десенситизира секое сценарио кое  е за нијанса по застрашувачко од претходното, се додека не се постигне целосна релаксација, во присуство на тригерот на фобичната реакција.

Недостатоци на терапијата се лимитираната имагинативност, односно способноста на клиентот да ја замисли дадената ситуација, онолку живописно колку е потребно за да предизвика исто ниво на страв како и во реалноста.

Нормално дека оваа прогресивна терапија би била по ефикасна кога би се задавала со реални сценарија наместо замислени, но тоа е ретко возможно .

Терапевтот неможе да го следи клиентот доколку фобијата е страв од летање , страв од височини и слично.

Па дури и дентофобијата е преголем ангажман за повеќето терапевти кои немаат контакт, или било каква комуникација или соработка со стоматологот.

Поликлиники кои нудат истовремено терапевтски услуги како и стоматолошки услуги во склоп на иста работна организација, преку продуктивна соработка и комуникација на Психолог и Стоматолог ја зголемуваат ефикасноста на третманот.

 

 

Психолог

Зоран Костов

Сподели

Напишете коментар