Новости

Акутни и хронични воспаленија на крајниците

Според  времетрањето воспаленијата можат да бидат акутни и хронични, а според причинителот специфични и неспецифични.

Epipharyngitis  acuta (Adenoiditis  acuta)

Станува збор за акутно воспаление на третиот крајник (tonsilae pharyngicae). Ова акутно воспаление најчесто се јавува во продолжение на акутното воспаление на слузницата на носот на коешто се надоврзува бактериска инфекција на лимфното ткиво на тртиот крајник. Најчести предизвикувачи се: Streptococcus pneumoniae, Haemophylus influenzae i Moraxella catharalis. Клиничка слика: Најчесто заболуваат деца затоа што третиот крајник е развиен во предпубертетската возраст. Околу 12-та година од животот инволуира односно се намалува. Ретко кај возрасен човек останува во истата големина.

– Покачена телесна температура, скоро секогаш

– Отежнато дишење на нос (затнат нос). Кај доенчиња ова доведува до пореметување  во исхраната  бидејќи се отежнува цицањето

– Слевање на густ секрет од нос и епифаринкс по заден назофарингеален sид кон грло

– Болка во уво (многу често) поради ширење на воспалителниот процес кон едното или двете уши

– Цервикална аденопатија (оток на лимфните јазли во вратот)

– Повраќање и губиток на апетитот

Дијагноза: Се поставува врз основа на клиничката слика. Се прави преглед на носот со предна риноскопија, фиберназофарингоскопија, преглед на грлото и на ушите. Лекување: Антибиотска терапија најдобро според антибиограм 7-10 дена.

– Деконгестивни капки  или спреј во нос/5 дена

– Антипиретик по потреба/ден/два

– Аспирација на секрет од нос

Vegetatio  Adenoides (Хронично воспаление на третиот крајник)

Настанува како резултат на чести повторувачки акутни инфекции на третиот крајник. Но се земаат во обзир и конституционалните фактори и наследната компонента. Симптомите од хипертрофијата се следните:

– Отежнато дишење на нос,затнат нос, отежнато голтање кај доенчињата и хрчење при спиење.

– Facies Adenoides (тесни ноздрави, збришана назолабијална бразда поради прогнатија на вилицата, подотворена уста, блед тен, уморни очи.) Оваa состојба е штетна и за псхичкиот развој затоа што детето станува раздрзаливо, уморно и деконцентрирано.

– Кондуктивна редукција на слухот еднострано или обострано,често пратено со воспаление на ушите. Дијагноза: Се поставуава врз основа на добро земена анамнеза, предна

риноскопија, орофарингоскопија, отоскопски  наод, фиберназофарингоскопија (златен стандард) аудиометрија и тимпанометрија.

Терапија: Adenoidectomia – хируршка интервенција за отстранување на трет крајник. Но пред да се одлучи за хируршка интервенција лекарот е должен да почне со конзервативен третман со интраназален кортико спреј еднаш на ден по едно впрскување во секоја ноздрава /40 дена.

Tonsillitis  acuta  (Акутно  воспаление  на палатиналните  тонзили)

Кога зборуваме за воспаление на крајниците (палатиналните тонзили) обично станува збор за бактериска инфекција и тоа најчесто за бета хемолитичен стрептокок од групата  А. Често пати е асоцирано со гнојно воспаление односно (Angina  Lacunaris). Клиничка слика: Во раниот стадиум на болеста доминираат општи симптоми: висока температура, треска, општа слабост, болка во мускули. По ден/два се јавуваат локалните симптоми:

– отежнато голтање

– болки во уши

– покачена температура

– оток на жлездите во вратот

– обложен и сув јазик (дехидратација)

Дијагноза: Орофарингоскопски се разликуваат неколку типови на ангини:

1.Angina Catharalis: зголемени тонзили,црвенило и едем на слузницата.

  1. Angina Lacunaris:Покрај црвенилото и отокот има појава на фибрински (гнојни) чепови во лакуните така да тонзилата добива типичен точкест изглед.
  2. Angina Confluens: Кај овој тип ангини гнојот не е во лакуните туку гнојниот ексудат ја прекрива целата површина на тонзилата.
  3. Angina Folicularis: Покрај горенаведените симптоми има појава на жолти проминенции на површината поради воспалените фоликули. Сите ангини се пропратени со цервикална лимфаденопатија (зголемени лимфни јазли во вратот).

При дијагностиката треба да направиме KKS, CRP, AST-O и брис од нос и грло. Да ја прегледаме и кожата бидејќи голем број осипи одат продромално со ангини(морбили, варичела, рубеола).

Терапија: Антибиотска терапија во големи дози,доволно долго 10 дена во спротивно ризикуваме појава на рецидив.По потреба и неколку дена кортико терапија доколку нема други хронични болести (HTA,D.M)

После 5 до 7 дена од звршувањето на терапијата да се направи контролен брис од нос и грло.

После повторувачки акутни инфекции како последица може да се јави хроничен тонзилит или клицоносителство.

Tonsillitis  chronica (Хронично  воспаление на палатинални тонзили)

Ова заболување е последица на повторувачко акутно воспаление на крајниците. Најчесто е кај деца меѓу 4-15 годни но и кај возрсни.

Клиничка слика: Кај голем број пациенти со хроничен тонзилит нема никаква симптоматологија. Понекогаш се жалат на оток во грлото и во вратот што е последица на исполнување на криптите со детритус што го дистендира крајникот и прави нелагодно чувство на страно тело. Дијагноза: Не може да биде поставена само врз еден знак како што е големината на крајниците или нивните длабокки крипти исполнети со детритус. Неопходно е да се земе добра анамнеза и извесно време да се следи пациентот. Да се земе брис од нос и грло и KKS so CRP i AST-O. Терапија: Исклучиво хируршка tonsillectomia (отстранување на крајниците).

Најчести индикации за тонзилектомија се:

– чести рецидивирачки ангини(3 во една година)

– повторувачки перитонзиларни абсцеси

– голема хипертрофија на тонзилите и аденоидите(која прави опструкции)

– упорни микотични заболувања

– клицоносителство

– фокус за жаришни инфекции ( нефритис,реуматска треска,алопеција)

– кога е докажано дека се причина за foetor ex ore.

Што се однесува до возраста кога треба да се прави тонзилектомијата или тонзилоаденоидектомијата ставовите се да кај деца под 3 години не треба да се оперира освен во искучителни случаи.

 

 

Д-р. Маринела  Малинова

специјалист  оториноларинголог

 

Сподели

Напишете коментар